12.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Еве што сакаат а не смеат да јадат бремените жени

Многу од бремените жени се трудат да јадат здраво, но некгаш од незнаење може да направат проблем.  Еве некои од продуктите го спаѓаат во таа категорија и можат да направат проблем.

Млеко и сирење

Непастеризирано млеко, паштети од домашно производство и меките сирења може да ја содржат бактеријата листерија. Тоа е ретка бактерија која може да се најде не само во непастеризираното млеко, туку и во џигер, недоволно варено месо и полуготовите јадења.

Сирово месо

Избегнувајте го сировото и термички необработеното месо (тартар бифтек) и морски плодови, може да се заразите од салмонела.

Сирови јајца

Сирови јајца или храна која содржи сирови јајца треба да избегнувате бидејќи може да се заразите со салмонела.  Ова е посебно важно за оние кои прават домашен сладолед бидејќи купечкиот се прави од пастеризирани јајца.

Џигер

Јунешкиот и јагнешкиот џигер содржат премногу витамин А, а тоа може да му наштети на плодот. Затоа избегнувајте ги. Пилешкиот џигер е сигурен но само доколку го јадете еднаш во неделата.

Алкохол

Најдобро е да се избегнува. Конзумирањето алкохол предизвикува невролошки оштетувања . Алкохолот треба да се избегнува и додека се дои бебето.

Ограничете го кофеинот

Дозволено е до 200 милиграма дневно а тоа е отприлика две шољички инстант кафе, мала шоља обично кафе и четири шољи чај.

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена