Евровизија, прв дел

Заврши првата полуфинална евровизиска вечер, а земјите што ќе ги видиме во саботата, во финалето се: Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Република Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.
Стартот на евровизискиот спектакл донесе новина со тоа што сосема ја смени и покори „старата дама“ Европа, па на моменти немавте впечаток дека го следиме Евровизискиот фестивал.
Значи, ништо од „клишеа“, стари добри поп песни се загубија во новиот звук, имаше неколку електронски песни, а визуелниот дел беше волшебен- како да гледавме 17 куси филмчиња од најразлични жанрови,.
Рака на срце, имаше се и сешто, многу повеќе од предвидливото, особено кога се во прашање претставниците на Исланд, групата „Хатари“ (кај нас би било- хејтери), кои на сцената излетаа како роднини на Содома и Гомора, пренагласено потенцирајќи ја модерната еротска сексуална ера.
Ново време, нови правила, нема забрани, нема предрасуди, тоа е пораката што вчера ја видовме од местото на настанот- Тел Авив во Израел.
Нашиот ден сепак е утре (четврток) : под реден број 17. ќе настапи Тамара. (В.Т.)
Фото- youtube kanal

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени