Групата „Манескин“ од Италија, со песната „Zitti E Buoni“ е победник на овогодинешното 65. издание на Евровизија. Убавиот Дамиано Давид, фронтменот на бендот изјави дека Италија не се само канцони и дека „рокенрол не е мртов“. Неговото рокерско однесување сите го протолкуваа како дел од имиџот, се додека на јутјуб каналот не излезе снимката од „грин румот“, каде момчево, за да го издржи сресот со бодувањето, шмркаше кокаин на маса.
Ќе речете, па и тоа е новата нормалност, но Давид ништо не признава. „Не се дрогирам“, изјави, додуша неубедливо на пресот, ама жестокоста и агресијата не сокрија ништо. Снимката јасно зборува дека има проблеми со вистината.
Фото:Принскрин јутјуб Televolting grand final Eurovision