24.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Европско првенство, Светски купови во модерни танци, интернационален натпревар Денс Оф

Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје започна Европското првенство во Street Dance Show 2018 и Светски Купови во Диско денс и Хипхоп.
На натпреварите кои се поддржани од Интернационалната Танцова Организација (International Dance Organization), се пријавени околу 1000 учесници и официјални лица од 22 земји.
За време на викендот, на 10. и 11.11.2018. ќе се одржи Интернационален танцов натпревар DANCE OFF со над 3100 натпреварувачи.
Во сабота во СЦ Јане Сандански на програмата се хипхоп , диско , брејкденс, а во недела латино шоу и танци во двојки. Во недела истовремено ќе тече и натпревар во Македонската Опера и Балет во класичен балет, модерен балет, џез денс и др.
Најдобрите од Dance Off ќе се натпреваруваат на Гала вечер која ќе се одржи во МОБ во недела од 21ч. Наградниот фонд изнесува 5000 евра.
Инаку, сите натпревари почнуваат во 9ч наутро и траат до доцна попладне, а целодневна влезница чини симболични 150 ден.
Организатори на овие танц- натпревари се танцовите клубови БРЕЈК А ЛЕГ(Break a Leg) и ИТ ДА БИТ (Eat the Beat).


Покрај Трајче Петковски, менаџер на Брејк а Лег, претседател на Македонската Асоцијација за модерни танци (МАМТ) и интернационален IDO судија и Илија Карадакоски, менаџер на Еат да Бит, генерален секретар на МАМТ и интернационален IDO судија, на одржаната прес конференција присуствуваа и Кирстен Дан Јенсен од Данска, потпретседател на Интернационалната Танцова Организација (IDO) и Карстен Рот од Германија, супервизор на натпреварите и потпретседател на Германската Танцова Федерација.
Петковски и Карадакоски ја објавија и ексклузивната вест дека на двата клуба им е доделена организацијата на Светско првенство во латино- шоу и синхро- денс во декември, 2020 година.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена