Роксана Вегил, претставничката на Полска, со песната „Anyone I want to be“ собра најмногу гласови што и допринесе да застане на тронот на 16-то издание на Евросонг за јуниори, што се одржа во Минск, Белорусија.
Нашата Марија Спасовска имаше фантастичен настап а песната „Дома“ на Дарко Димитров и Елена Ристевска и донесе пласман на 12-то место. „Секое дете да го најде својот топол дом, да се згрижат децата од целиот свет кои немаат дома, за сите да имаат дома!“ – пееше Марија која во фустанот дизајниран од модниот бренд Елена Лука, изгледаше како нежна снегулка а целиот тој впечаток уште повеќе го засили впчатокот на сцената.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени