Ексклузивно. Адријана Алачки отпатува за Сибир, на „Баикал грил фест“

Адријана Алачки денес патува за Сибир, поточно во Нижнеангарск, а ова патување, или, наречете го авантура е долго 26 часа патување со железница, а потоа, од Москва до целта, со скусена верзија од 5 часа.
Целта на патувањето е Меѓународен гастрономскиот фестивал „Баикал грил фест“ каде Адријана патува со две функции- како Претседателка на Гастромак, Национална Асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија и како автор и водител на готвачкото шоу „Вкусот на традицијата“, што ќе се снимаат во Сибир.
-Ова е апсолутно ново искуство- ни рече Адријана,- сите мои досегашни патувања, на сите страни на светот беа стандардни и очекувани. И многу често во шега зборував дека само на Сибир не отидов, и многу сум љубопитна што и како ќе видам таму.
На ова патување Адријана оди со гастрономскиот крем- Стево Карапанџа, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ.., а на фестивалот ќе присуствува и Томас Гуглер, Претседателот на WACS, (Светската организација на шефови на кујни што обединува национални кулинарски здруженија од над 150 држави во светот) а домаќините од настанот очекуваат промоција на Сибир, во вистинска смисла на зборот.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени