14.8 C
Skopje
сабота, јули 12, 2025
spot_img

Елена Реи во каталогот на Monique Lhullier

Нашиот топ модел Елена Реи блесна и во новиот предизвик, каде се надмина себеси. Имено, таа беше ангажирана во каталогот за престижната американска дизајнерка Monique Lhullier. Иако препознатлива по нејзините раскошни венчаници оваа американска дизајнерка со филипинско потекло исто така дизајнира и свечени тоалети и ready- to -wear колекции.
Нашата Реи беше ангажирана два дена за потребите на каталогот и видео на езерото Комо во Италија, и беше на истото место кога се сликаа венчаниците за Харперс Базар за сите позначајно модни брендови.
Дизајнерката низ годините се потруди да облече голем број дами за свечени настани и престижни фестивали како што се Мишел Обама, Гвинет Потроу, Џенифер Лопез, Тејлор Свифт и Меланиа Трамп.

– Секако ова беше вистински камбек за нашиот топ модел заради наметнатата паузата предизвикана од епидемијата на Ковид 19, вели Алек Наумовски од Моделс Ин Менаџмент. – Погледнете ги фотографиите: Реи е родена да блеска.“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена