Емилија Розман, победи на изборот за Мис интернационал туризам 2018, кој се одржа викендов во Бугарија, во градот Свети Влас. На овој избор настапуваа 30 девојки од целиот свет а среката да ја прогласат за најубава ја имаше Емилија.

-Пресреќна сум. Пресреќна сум што сум пред представничката на Украина, која ми беше прва придружничка, и на Италија, која беше прогласена за втора. И донесов круна на Македонија. Победата ја посветувам на татко ми, замина и не виде како победувам, вели таа.
Емилија на изборот замина преку директорот Робер Граматиков.

