15.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Есенска депресија?Не, фала

Се будите, гледате низ прозорецот- и во истиот момент ја губите желбата да направите што било. Денот ве пречекува со дожд! Не можете да го поднесете тоа и ве зафаќа желбата да се вратите во кревет и ако е можно да се впуштите во зимски сон. Но, како некоја искра низ мислите ви минуваат сите обврски што ве очекуваат и сфаќате дека немате избор. Без волја се облекувате и се прашувате како денеска да го симнете изразот на лицето го мразам целиот свет?
Решенија
1.Иако во моментот тоа ви изгледа како ноторна лага, сепак, по дождовите доаѓа сонце. Генерации и генерации пред вас имале можност да се уверат во точноста на таа поговорка, па нема причина вие да не верувате во неа. Значи, трпение- спасение.
2. Kога паѓа дождот, летај над градот- вели една стара песна на Филм. Оние што можат да полетаат доволно високо, на крилјата на фантазијата, знаат дека над облаците секогаш е ведро. Значи, потребно е да се отснува. Се разбира, не смеете да претерате, за да не го изгубите допирот со реалноста, но кусите излети во фантазијата, секогаш се добредојдени.
3. Препуштете му се на меланхоличното чувство и уживајте во дождот, бидете романтични, прошетајте , јадете вкусни слатки низ замаглениот прозорец од слаткарницата, слушајте нежна музика, читајте поезија, плачете со Kазабланка, праќајте меили… Ако не можете да направите ништо од тоа додека сте на работа, украдете малку време за да смислите како ќе минете романтично попладне. Уживајте во дождот, кога не можете да го запрете.
Фото- Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена