Есенски мафини со тиква
Потребно е: 180 мл јогурт, 150 мл млеко, сок од еден портокал, 400 г исчистена тиква, 250 г брашно, 100 г шеќер, малку сол, 15 г прашок за печиво, ѓумбир и цимет.
Сварете ја тиквата за да омекне и да може да ја испасирате. Оставете го пирето малку да се олади, а потоа додадете ги јогуртот, млекото и сокот од портокал и добро измешајте. Во посебен сад сипете го брашното, додадете шеќер, сол, прашок за печиво, рендана кора од портокал, малку изрендан ѓумбир и цимет по желба. Добиената мешавина ставете ја во мешавината со тиква и измешајте добро за да се соединат сите состојки.
Масата сипете ја во подмачкан и побрашнет калап или во калап за мафини и печете 30 минути во загреана рерна.
Коментарите се затворени