Пејачката икона Ејми Вајнхаус, чии песни сеуште се популарни, трагично почина на 27 години и се приклучи на познатиот „клуб 27“, прерано починати ѕвезди, вклучувајќи легенди како/ Курт Кобејн, Џим Морисон, Џенис Џоплин и Џими Хендрикс.
Ејми е родена во просечно еврејско семејство. Нејзиниот татко бил таксист, а мајка, фармацевт. За музика се интересирала уште од дете а кога имала девет години на инсистирање на баба и била зачленета во музичко училиште, да го усоврши пеењето. Образованието го продолжила во музичко школо, но ја избркале поради бунтовниот карактер и дупнатиот нос. Ги сакала Френк Синатра и Дин Мартин, а нивните песни ги пеела со татко и, додека ја возел на школо.
Освен со песната, Еми го привлекуваше вниманието и со однесувањето. Беше жртва на многу пороци а најдраги и беа, дрогата и алкохолот. Претерано слабиот изглед, предизвика да се појават гласини дека има проблем со анорексијата. Капката што ја прели чашата и Ејми ја фрли во голема зависност, наводно била смртта на саканата баба. Така почна да ги откажува концертите, извлекуваќи се на исцрпеност. Речиси и да немаше дрога што не ја пробала а меѓу фаворитите и биле хероинот, кокаинот, екстази и кетамин. Ејми, во неколку наврати признала дека страда од депресија. Поради претерување со дрога, често завршувала во болница, а две недели престојувала во болница за одвикнување од дрога и алкохол. Поради насилството имала проблеми со законот.
Ејми на Флорида во 2007 година се омажи со Fielder-Civil, кој работел во видео продукција. Во неколку интервјуа, признала дека кога била пијана знаела и да го удри а тоа го покажуваат фотографиите каде што се гледа дека проблематичниот пар, крвав и во модринки, скита низ улиците на Лондон. Филдер еднаш призна дека тој ја навлекол на тешки дроги, а на јавноста и се закануваше со заедничко самоубиство. Во листата на љубовници на Ејми, се најдоа уште и готвачот и музичар Алекс Клер, режисерот Реџ Травис и актерот Џош Боуман.
Мртвата Ејми ја нашол телохранителот. Според неговата изјава, пејачката неколку дена пред смртта постојано се опивала, се смеела, слушала музика , гледала телевизија и воопшто не спиела..
Извор: net.hr
Фото: irishtimes.com