Мислењето дека мажите се попромискуитетни од жените веројатно е само мит. Авторката на бестселерот UNTRUE, Мартин, смета дека верувањата за жените и нивното однесување во врските се погрешни. Во Tonic, Мартин вели дека една од најголемите предрасуди е дека мажите се тие кои почесто изневеруваат. А во општеството во кое живееме на „столбовите на срам“ најмногу се лепат неверничките.
Според истражување во САД, само 13 проценти од жените биле верни, додека 50 проценти признале дека имале афера надвор од бракот. Урнат е и митот дека жените најчесто изневеруваат заради емотивни потреби а мажите заради сексот. Мартин тврди дека и жените најчесто ги изневеруваат мажите од истата причина- сакаат секс со некој друг.
Извор: Večernji.hr