12.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Жените поретко ја менуваат постелнината од мажите. И не само тоа…

Кога станува збор за креветот, постелнината,  за жените и мажите, повеќето луѓе би помислиле дека посилниот пол е повеќе валкан.  Но, не е така.  Жените се  повалкани од  мажите. Постои уште една важна работа – не зборуваме за секс. Истражувањето направено од  ErgoFlex покажа дека во буквална смисла на зборот жените се повалкани од мажите.

Според истражувањето, жените поретко ја менуваат постелнината од спална отколку мажите. Мажите ја  менувале постелнината на секои две недели додека жените тоа го правеле … еднаш месечно. Изненадувачки или не ама 61% од жените признале дека сакаат да спијат голи, во споредба со само 39% од машките учесници.  Резултатите од тие што сакаат да спијат по пижами исто така се непријатни за жените.  Дамите ги менувале пижамите или ноќниците еднаш неделно, додека мажите спијат со пижами само три пати, а потоа ги фрлаат за перење. Кој би помислил дека е така?

Истражувачите на ErgoFlex рекле: „За нас е интересно дека мажите се многу  почисти  во кревет отколку жените”.

Тие и на мажите и на жените им препорачуваат  да не бидат мрзливи, да не спијат во  валкано, туку почесто да ги менуваат чаршафите. Нека валканоста во спалната се однесува само на сексот, препорачуваат тие.

Извор и фото: jenata.blitz.bg

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена