5.8 C
Skopje
сабота, февруари 15, 2025
spot_img

Жени за одбегнување

Без самодоверба
Освен ако мажот не е Кристијан Греј од „50 нијанси сиво“, покорните жени не се многу омилени кај мажите. Тие тешко донесуваат одлуки, немаат самодоверба и во целина се здодевни. Машката природа е предаторска, сака да освојува големи височини и кога жената им се нуди на чинија, таа се претвора во очајничка.

Опседната
Посилниот пол сака внимание, но кога тоа прераснува во опсесивно однесување, се чувствуваат задушено. А повеќе од јасно е дека мажите се слободољубиви по природа, па секој обид да ги контролирате може да заврши со трчање во спротивна насока.
Иако ви звучи чудно, обидете се слободното време да го поминувате убаво и без него. И, опуштете се, не водете сметка за се` – каде одат, што прават, зошто задоцниле, со кого излегуваат, зошто ја фрлаат облека, зошто не го затвораат капакот на тоалетот…

Чувствителна и депресивна
Чувствителната жена е нешто што ги разнежува мажите, бидејќи им дава шанса да бидат заштитници. Но, кога чувствителноста се изразува во редовни изливи на депресија и паника, тоа почнува да одбива. Особено ако депресиите за повод имаат страв дека ќе бидат отфрлени и постојано прашуваат, како да молат, дали се среќни со нив. Многу аморфно однесување …

Сериозна и преодговорна
Мажите се весели по природа и сакаат жената до нив да е таква – да ги разбира вицовите, да се смее на нивните муабети, да се забавува на машки начин, не плашејќи се што ќе каже околината. Мажите паѓаат на забавни жени. Здодевни и сериозни, жени кои им држат предавања за нивното однесување се добри за одбегнување.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена