Планирањето на бременоста е одговорна и индивидуална работа. Некои жени сакаат да родат рано, да бидат млади мајки а веќе на 40 години да станат баби. Други пак, сакаат да одвојат време за кариера, да натрупаат знаење, кое потоа може да го пренесат на детето.
Но, неодамна научници ја завршиле нивната студија и изјавиле дека првото раѓање дирекно е поврзано со продолжувањето на животниот век. Пред 10 години жените се водеа по тоа- колку порано родиш толку подобро и за мајката и за бебето, бидејќи телото е младо и ќе се справи со се.
Најпрвин нормалното раѓање на првото дете било меѓу 18-22 години, потоа возрасната граница се зголемила на 28 години, а потоа и на 30 години. Жените кои првото дете го раѓале над 30 години во болниците ги нарекувале стари.
Истражувачи од Португалскиот универзитет „Коимбра“ изјавиле дека жените кои првото дете ќе го родат на 30 или повеќе години, живеат подолго. Нивниот заклучок е дека колку жената посреќно ја помине младоста и роди подоцна, ќе живее подолго. Односно, жените кои првото дете го родиле над 30 години помалку се подложни на сенилна деменција.
Некои психолози и социолози сметаат дека причината за тоа е што жените после триесеттата имаат постабилна психа и затоа нивниот нервен систем страда помалку. Други сметаат дека повозрасните мајки се поуспешни и образовани за да можат да си дозволат квалитетен начин на живот, што повторно влијае на долговечноста.
Но, и покрај се, раѓањето е индивидуално. Треба да се роди кога жената ќе се почувствува подготвена за тоа. И возраста не е важна. Најважно е тоа да ви го дозволува здравјето. Се разбира, возрасната граница одамна е поместена.
Извор: jenata.blitz.bg