Жени, славете го животот!

Ќе започнам со Душан Радовиќ, му ги сакам перцепциите. Вели вака: На жените им е потребен само еден мал знак, навестување, еден миг, невидлив детал, ситен повод, а потоа се` прават самите – страдаат, се надеваат, фантазираат и плачат.
Е, толку сме моќни ние!
Денеска се слави. Секој на свој начин – некои жени си дозволија да задоцнат на работа, некои закажаа ручек со пријателките, некои се по дома во пижами и папучи, а многумина се фрлија на продавниците. Глобално гледано, јавните објекти, кафеани, ресторани и кафулиња се полни со повод – а гледам, женската популација го држи приматот. Дали за вас овој вторник е само ден во неделата, или можност да добиете насмевка плус- е ваш избор.
Мене ми годи раздвиженоста затоа што знам дека на некои жени ова им е единствена можност да „се проветрат“. Подобро тоа отколку друштвено „ангажирано“ шпионирање и мрчење по социјалните мрежи.
Инаку, голема привилегија е да си жена, бидејќи совршено балансираме со сите можни функции: со работа, пријателство, домашни обврски, семејни врски како мајки, сестри, ќерки, тетки, сопруги, снаи…

Зошто е подобро, поубаво и поудобно да си жена, не само на 8 март, туку постојано и секогаш, е прашање што нема конкретен и постојан одговор. Само ние жените сме способни да направиме мажот покрај нас да се почувствува како принц, иако за многумина е манипулатор, единствените сме што го знаат излезот од готвачкиот лавиринт, со својата супериорност во исто време да правиме пет работи често потсетуваме на супермени со волшебното стапче во ракавот…
И. Единствено жена може да се орасположи купувајќи кармин и засладувајќи се со едно единствено парченце чоколадо… Да си жена значи слободно да побараш пријателката да ти прави друштво до тоалет и, секако, без срам попатно да и раскажеш за последното премрежие…
Уживајте во животот, со најубавата, насмевката одвнатре, бидете со оние што ги, и, што ве сакаат, бидете силни, пресекувајте со ладна глава, читајте, шетајте, радувајте се, и обидете се секој ден да е 8 март!

Вања Тодоровска
Фото- pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!