8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Женски пијанства: се е потешко по 35-тата

За жените, генерално важи дека не се пијаници- и кога ќе посегнат по чашката добро го понесуваат алкохолот, дури и во поголеми количини. Она што се случува под неговото влијание е иритирачки а жените мразат да им се плетка јазикот и утредента главата да ја чувствуваат како балкон. Дали тоа има врска со годините? Многу припаднички на поубавиот пол тврдат:
-Работата ми е таква што морам да се напијам а доколку одбијам пијалок излегува дека глумам „добро девојче“. Патем, не можеш на секој да му објаснуваш зошто ти е подрага минералната вода од коктелот или виното.

Жените прифаќаат се што е ново, така се прифаќа и трендот дека за добро дружење е важно добро осмислено мени, повеќе отколку налевање со алкохол, но секако дека не може да се свати зошто некој не би поднесувал одбрано вино со јадење.
-Во дваесетите можев да се напијам по неколку пиења а веднаш потоа одев на состанок и низ разговор можев да испијам уште неколку, дури и други видови пијалци. Ако сега помешам малку црно и бело вино, следниот ден не можам да живеам поради мигрената -вели истата жена
Дали таа е единствената?
Се присетувате на сопствената толеранција на алкохолот, целосно сте сватиле дека животот навистина се менува, а и ние со него. Секојдневно пред себе си поставуваме се повеќе барања, па можеби телото и мозокот се здружиле зад нашиот грб и одлучиле дека нема веќе да ни дозволуваат да се исцрпуваме.
Триесетите се „гранични“ години
Исцрпувачките викенди во кои има ноќни забави и пијанчења не можеме да ги продолжиме кога имаме секојдневни работни и домашни обврски и најверојатно деца. Секој ден ни изгледа исполнет со се и сешто, па тешко е да замислиме дека ќе најдеме време да легнеме и да се пијанчиме.
Стручните лица велат дека нашиот однос кон алкохолот се менува не само поради животните услови туку и поради здравјето. По триесетата, а посебно по педесетата година, во нашето тело има помалку вода и е отежнато преработувањето на алкохолот. Со алкохол потешко се заспива, а сонот ни е потребен кога имаме обврски ама и поради здравјето. Многу жени се жалат дека лошо спијат поради стресот, а пијанството тоа додатно го комплицира.
Дали се виновни хормоните? Најверојатно не! Старите претпоставки се дека жените потешко поднесуваат алкохол во деновите околу мензисот, но научни докази нема.
Поднесувањето на алкохолот пред се зависи од капацитетот на црниот дроб, времетраењето на пиењето и секако генетските предиспозиции (женското тело содржи повеќе сало од машкото и има помалку вода за разградување на алкохолот).
На жените им недостасува количина на ензими кои се нарекуваат алкохолна дехидрогеназа, кои му помагаат на телото да го разгради алкохолот. Тоа е причината што по 35. година има повеќе случаи на цироза на црниот дроб, повеќе кај жените отколку кај мажите.
Разликата во поднесувањето може да се почувствува и поради тоа што во позрелите години пиењето се одвива во поголеми периоди и мамурноста е поголема. Од друга страна, тешкото опивање во раните години се рефлектира врз црниот дроб, па тој по 35.тата веќе не го разградува алкохолот.

Алергија на алкохол
Загадувањето и падот на имунитетот, но и стресот доведуваат до тоа да бидеме алергични на се па и на алкохол. Оние кои тоа го искусиле се присетуваат на отечени усни, јака мачнина, дезориентација и несвестици. Алергијата на алкохол не се поистоветува со нетолеранцијата, бидејќи кај алергијата имаме моментална реакција на имунолошкиот систем, а кај нетолеранцијата е одложена реакција која може да трае и до 48 саати.
Како и да е, и без несаканите реакции сепак со времето нашата самодоверба се зголемила и не треба да се „потпираме“ на чашата. Во се, па и во пиењето повеќе не интересира квалитетот од квантитетот.

Совети за прочистување
1. Алкохолот го уништув црниот дроб, погрижете се да користите растителен чај кој ќе помогне во чистење на истиот.
2. Два пати дневно медитирајте по 20 минути или опуштете се во тишина, за да го исчистите мозокот и постигнете состојба на мир.
3. Дозволете си детоксикациска бања, ставјќи 2 капки рузмарин и масло од грејпфрут со масло од бадем.


4. Со парите што сте ги заштедиле апстинирајќи, купете си нешто интересно.
5.Секој ден пијте по 3 литри вода.
6. Јадете огромни количевства овошје и зеленчук, за сила.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена