-1.2 C
Skopje
вторник, јануари 20, 2026
spot_img

Жизел призна зошто градите и биле нееднакви: Децата уживаа само во левата града

Една од најуспешните модели на светот и ангел на „Викторија сикрет“, Жизел  Бундшен призна дека многу пати заради своето тело.  Бразилската манекенка, понекогаш и актерка и амбасадор на добра волја на ОН, проговори за естетската корекција, кога во 2015 година ги зголемила градите.  Таа кажа дека многу бргу зажалила што била на естетска корекција. По доењето на синот Бенџамин (8) и ќерката Вивиен (5) таа забележала дека градите и се помали и нееднакви.

-Секогаш ми го фалеа телото и чувствував дека очекувањата се многу високи, но јас повеќе не можев да ги исполнувам тие очекувања.  Продолжив здраво да се хранам и да вежбам, но не можев да го сменам фактот дека и двете деца сакаа да цицаат само од левата града, што влијаеше на нејзината големина. Затоа и едната града беше поголема од другата.  Само сакав да имам гради со иста големина и да престанат луѓето тоа да го забележуваат и коментираат. Не можев да го променам фактот дека моите деца уживаа повеќе во левата отколку во десната града, открила манекенката.

Во својата книга „Лекции- мојот пат кон смислениот живот“  таа напишала како се чувствувала после операцијата на градите.

-Кога после операција се разбудив си помислив-„Што направи?“. Имам чувство дека сум во тело кои воопшто не го познавам.  Затоа цела година носев широка гардероба, ми беше непријатно во сопствената кожа, рекла Жизел.

Поддршка и дава сопругот, американската фудбалска ѕвезда Том Брејди, кој и рекол: Те сакам без оглед на се и изгледаш прекрасно. Но, и покрај се таа во книгата ги опишува душевните болки и напади на паника.

-Кога ми почнаа нападите на паника се запрашав- Зошто би се чувствувала лошо?  Се чувствував безпомошно. Не можев да дишам, а тоа ги продолжуваше моите напади на паника, тоа ме одведе на темно место.  Но, на крајот ги победив лошите мисли, се победив сама себе, кажала таа.

Манекенката минатата година заработила 17,5 милиони долари. Тронот, кој го држеше 15 години и го зема Кендал Џенер.

Извор: 24sata.hr

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена