Претставничката на Израел, Нета со песната „Toy“ и со 529 гласа е победничка на 63тото издание на Изборот за песна на Евровизија, што се одржа во Лисабон, Португалија. На второто место се најде Елени Фуреира од Кипар со 436, а на третото Цезар Сампсон од Австрија 342 гласа. Интересно е што земјата домакин, Португалија, минатата година победи со Салвадор Собрал, а годинава заврши на последното место со само 39 поени. Тензично беше целиот тек на гласањето, бидејки неколку држави, кои за цело време додека траеше Евросонг, важеа за фаворити. Покрај Изрел, Кипар и Австрија, во трката за победници беа и претставниците на Шведска, Германија, Франција и Италија.
Израелската преставничка Нета,освен што победи ќе се памети и по тоа што падна по скалите зад сцената на Евровизија. Камерите што ги следат изведувачите го снимија моментот во кој таа паѓа. Годинава од целокупното шоу се издвојува и Елина Нечајева, претставничката на Естонија. ТРаа носеше фустан на која беше проектирана светлина и за него Естонците издвоиле 65 000 евра. Сенка од целокупната организација на оваа голема музичка манифестација фрли скандалот за време финалето, на настапот на Велика Британија, кога маж викаше Нацисти додека пееше Битанката Сури. Тој истрча на сцената и го зеде од раце микрофонот, но Сури беше смирена. Од Европскиот радиодифузен совет соопштија дека одговорното лице е приведено и дека се наоѓа во полициски притвор.
Политиката несомнено е неизбежна и на вакви настани, но не е пресудна, барем кога станува збор за настапот и гласовните способности. Сепак, уште на почетокот се гледа која држава колку вложива за нивните претставници, односно колку се потрудиле што подобро да се претстават. Токму и поради нашата неодговорност ние годинава, кога се навршуваат 20 години од првиот настап на Македонија од осамостојувањето го имаме можеби најлошиот резултат. Ниту 20 годишното евровизиско искуство не ни помогна за да на Европа и понудиме комплетен музички пакет.