
Тукушто заврши 3. Меѓународен гастрономски натпревар – „Залче од светките вкусови“ што годинава за опсервација ја имаше континенталната храна. Пет дена Струмица, хотелот Вила Парк и ГастроМак беа домаќини на најпознатите готвачи и нивните тимови, на светот- сите што присуствуваа на неколкудневно празнување на храната, сведоци се на многубројни настани што го подржаа фестивалот и му дадоа интернационална нота.

Адријана Алачки, претседателка на ГастроМак

Да потсетиме- овој годишен светски собир на кулинарските мајстори и натпреварувачи беше организиран од ГастроМак -Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, а се случуваше под покровителство на WACS -World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), со седиште во Париз, Франција.
И додека последните гости ја напуштаат Струмица, несебично делејќи комплименти за настанот, свесни сме дека токму присуството на околу петстотини судии, мастерклас предавачи, натпреварувачи, специјални гости, од над триесетина земји од целиот свет, ја позицираа Македонија на светската гастрономска мапа. Или уште подобро: ГастроМак воспостави нови критериуми, и уште повеќе ја крена свеста поврзана со добра храна, сервирана на визуелно примамливи чинии.


Монголија, Украина, Румунија, Кина, Индија, Кореа, Србија, Турција, Бугарија…, ги презентираа своите готвачки особености- се готвеше, се презентираше и дегустираше, се одржаа многу интересни Мастер класови од брендирани готвачки имиња а програмата составена од 33 категории финишираше со натпревари во фамозните „блек бокс“.

Изток Легат, Стево Карапанџа, потоа шефот со Мишелин ѕвезди – Џорџо Дијана и многу други имиња од светската гастро-сцена присуствуваа на овој гастрономски спектакл, а младите готвачки сили, со полн ентузијазам во сите натпревари го дадоа најдоброто од себе.
А доказ дека храната зближува се целовечени забави, каде сите гости на Вила Парк Струмица, со обединети сили и добра забава ги дочекуваа прочуените струмичките зори. Традицијата продолжува: се гледаме следната година на ново Гастромак празнување.

