ЗАД СЕКОЈА УСПЕШНА ЖЕНА СТОИ… : Ирена Спировска
Љубовта на прв поглед помеѓу мене и објективот на камерата се случи кога имав само 17 години и кога ја снимив првата тв- реклама.Така започна приказната која продолжи на модните писти, а подоцна и со ангажман во Македонската Радио Телевизија. Како млада девојка која штотуку матурираше и се запиша на студии, ова беше идеален предизвик и можност за мене да си го заработувам сама својот џепарлак. Со текот на годините, ми се зголемуваше бројот на ангажманите и обврските во телевизијата, а со тоа нормално се збогатуваше и надоградуваше и моето искуство.
Станав мајка на 25 години и тоа ми донесе дополнителна зрелост и одговорност, многу непроспиени ноќи, но и многу нежности и љубов. Се вратив пред камерите кога Зорица имаше неполни три месеци и тоа благодарение на поддршката од моето семејство, т.е. од мојот татко и неговата сопруга Соња која несебично ми помагаше околу сите обврски поврзани со Зорица. Морам да ја спомнам и поддршката и присутноста на мојата драга пријателка Јованка, која неуморно секогаш беше со мене, на сите мои настапи и патувања па така ми беше многу полесно да ја носам и Зорица, затоа што кога јас бев на сцена, таа беше во прегратките на Јованка….Затоа на прашањето – кој стои зад една успешна жена ќе одговорам: мојата упорност, трудољубивост, ентузијазам и посветеност… Јас дојдов до израз благодарение на тоа што сите овие години ги имав зад мене овие прекрасни луѓе, за што сум им многу благодарана.
Коментарите се затворени