5.8 C
Skopje
сабота, февруари 15, 2025
spot_img

ЗАД СЕКОЈА УСПЕШНА ЖЕНА СТОИ… Јулија Мациевска

Успехот е внатрешно чувство.Тој не се мери со тоа колку сте познати или колку материјално поседувате.
Моето чувство за успех, од оваа гледна точка, се должи на свесноста за самата себе. Во животот немав партнер кој ќе ме подржеше во било што. Имав по некој пријател, кои после секој мој успех ми откажуваа пријателство. Мојот најголем пријател, мајка ми, замина прерано кај ангелите. Но кога таа замина, во мојот најголем животен пад, како феникс од пепелта, сфатив дека се имам себе си. Себе си и Бога.
И кога како мало дете, ќе почнете да се учите да одите, ќе почнете да разговарате со своето внатрешно ЈАС- со својата душа, тогаш ќе почнете да ги добивате вистинските одговори, кои никој не може да ви ги даде. Тоа е мојот успех. Успех да се видиш самиот себе си, да се прифатиш и засакаш со сите свои доблести, мани, слабости. Да ја сфатиш својата животна цел и своето постоење, да станеш свесен за Изворот во себе, за моќта, поради која ќе имаш чувство на успешност, а нема да ти биде гајле дали си успешен во очите на другите.
Одговорноста за саматасебе, трпението, одлучноста, храброста, самопочитта, самодовербата, простувањето, прифаќањето, љубовта кон себе и кон се- тоа е мојот успех. Поради тој успех, јас сум успешна жена во надворешниот свет. Успехот се мери со сопственото чувство за успех, инаку може сите да ви велат дека сте успешни, а вие да не се чувствувате така.
Благодарна сум за секој свој успех, уште повеќе за секој свој пад, зашто падот е онаа каписла, која ќе донесе нов успех. А кога ќе завибрирате со чувство на успех, следи нов и нов успех. Најголемиот мој успех е што сфатив дека секогаш стоев зад самата себе.
Секако, моите деца, ќерка ми Андријана и внука ми Стефанија, се поддршка и цел сами по себе.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена