Заеднички проект на Сузана Гавазова и Балкан Бенд

Кога ќе се вложат труд, енергија и финансии, тогаш и кај нас може да се понуди квалитетен производ. Станува збор за проектот што по повод празниците го снимија Балкан Бенд и Сузана Гавазова, заедно со пријателите.
Тие неодамна преку музичкото шоу заедно со саксофонистот Јане Рафаиловски, добро познатиот Џамбо Агушев (труба), Хилми Баки (виолина) и човекот кој што важи за крал на својот инструмент, светски познатиот Амза Таиров (клавијатура), поставија нови стандарди во работата на нашата естрада.


Проектот е насловен „Балкан Бенд, Сузана Гавазова, Јане Рафаиловски и пријателите“, и премиерно е емитуван на Канал 5 телевизија, и тука беа опфатени песни од сите жанрови.
Снимано е во продукција „Скендеровски“, а за звукот задолжен беше тимот од студиото „Анастасија“.
Во меѓувреме, Балкан Бенд и Сузана Гавазова, веќе најавуваат и нови слични проекти, но и заеднички соработки за песни, додека момците од Балкан Бенд песна и спот најавија во март, а во септември и мега промоција на албумот на кој внимателно се работи веќе подолго време.
Гавазова пак, која во моментов е актуелна со хитот „Бум Бум“, наскоро ја очекуваме со нови изненадувања за својата публика.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!