Заспаната убавица

Дури ни по третото кафе не успевате да си дојдете при себе а веќе доцните на работа. Постојано ви е на ум мислата како да се вратите во својот убав, топол, мек кревет! Зошто овој свет е наместен според ранобудниците?
Решенија
1. Иако станува збор за една од најголемите неправди, помирете се со она што е неминовно и обидете се да ги пронајдете добрите страни: сигурност во работата, интересни колеги, коректни шефови. Ако и покрај сите позитивни страни на т.н.- уреден живот не можете да го поднесете тоа, размислете за некоја слободна професија, во која самите ќе решавате кога ќе работите, а кога ќе спиете.
2. Ако немате предиспозиции за фриленсер, обидете се да се приспособите: во работните денови легнете си пред полноќ, а во текот на викендот слободно заглавите. Важно е да се избегнат последиците од хроничниот недостаток на сон. Тие можат да бидат многу непријатни. На тоа мудро одвратете со одмерена доза самоконтрола.

 

фото: pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!