14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Зачувување на српскиот јазик во Македонија:„Азбука и музика“ за одбележувањето на јубилејот

Со детска представа „Азбука и музика“ на српски јазик, неодамна, скопските основци одбележаа 200 години од прво издание на Вуков „Српски Рјечник“ и 150 години практична употреба на фонетскиот правопис.
Зачувувањето и негувањето на српскиот јазик во Македонија е во голема мерка заборавена и запоставена работа. Редовната настава на српскиот јазик е застапена само во три основни училишта во руруалните средини и тоа во ООУ „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, ООУ „Браќа Рибар“ во Табановце и ООУ „Кирил и Методиј“ во Кучевиште на Скопска Црна гора.
Бројот на ученици, од година во година опаѓа, ниту една паралелка нема повеќе од 10 ученика, вкупен број на ученици е околу 160, а бројот на наставници кои работат во образовниот процес на српскиот јазик е околу 80, па еден наставник предава на двајца ученици.
Последните години неколку невладини организации чинат големи напори за зачувувањето на српскиот јазик, неговото негување и враќање во семејставата на овдешните Срби и луѓето со српско потекло.


Оваа календарска година Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово организираа три вакви проекти. Традиционална манифестација „Пишуваме и твориме на српскиот јазик“, Прво летно училиште по српски јазик и култура на Попова Шапка и детската представа „Најлепше је ђачко доба“. Со овие проекти опфатени се децата со српско потекло, од мешани бракови и деца кои покажуваат интерес за изучување на српскиот јазик.
Годинава Здружението на жените Србинки во Република Македонија реализираа три успешни проекти од областа на српскиот јазик. Првиот е публикација, збирка репортажи „Приче из Македоније“, во подготовка е збирка на интервјуа „Записи из Македоније“ и третиот проект е „Азбука и музика“ наменет за скопските основци со српско потекло.
Проектот „Азбука и Музика“ е релизиран во рамките на „Нов културен бран“ на Министарството за култура на Република Македонија, во селото Лешок, во ревијалниот дел на манифестацијата „Пишуваме и твориме на српскиот јазик“, која се организираше по шести пат.


Инаку, проектот содржи детска представа насловена со Азбука, игра на самогласки и другите букви и нивното значење, додека улогата на Вук Караџиќ, реформаторот на срспкиот јазик и азбуката ја „толкуваше“ поетот Стојан Арсиќ. Целата претстава содржи ретроспектива на Вуковата борба за народен језик и правопис. Играта со букви продолжува со рецитал на познати поети за деца и со детски песнички, кои нивните родители ги потсетија на детството, а нив, еден ден, ќе ги потсетуваат на оваа убава дружба. По повод одбележувањето на 200 годишнината од првото издание на „Вуков Српски Рјечник“ и 150 години од употреба на фонетскиот правопис, скопските основци, на 27. октомври во Канцеларијата за млади, Општина Центар, представата је изведоа пред своите родители и врсници.
Воедно, со овој настан се одбележа и 26 години постоење на Здружение на жените Србинки во Република Македонија.
„Проектите за зачувувањето на српскиот јазик се од огромен значај за српскиот народ во Македонија. Доколку сакаме на децата да им го доближиме јазикот и културата на нивните претци, секој добар проект од оваа област треба да биде одобрен од надлежните министерства во земјата и во матицата. Во наредниот период тоа би можело да ги „разбуди“ и раздвижи и новите креативци. Доколку упорно и континуирано се работи на оваа проблематика, резулатите нема да изостанат, кажа координаторката на проектот, Нена Ристиќ- Костовска, професорка по српски јазик.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена