Заштитете се од стресот, денот ќе ви биде убав

Стресен е секој ден, исполнет со динамика, задачи и одговорности. Токму затоа, тешко е да избегаме од стресот, но можеме да го ограничиме максимално со некои превентивни мерки. Што можете да направите за да го држите стресот под контрола?

Дневни вежби

Движењето го одржува нивото на енергија. А колку повеќе сте  енергични, толку подобро ќе  се справите  со зголемените ниво на стрес во телото. Тренирањето може да направи да се чувствувате добро исто колку и вашето омилено хоби. Ова го штити вашето тело од стрес.

Во секој погоден момент дишете длабоко

Одделете по 3 минути и тоа три пати на ден, само за да се фокусирате на дишењето. Длабоко дишете. Овие вежби го смируваат умот,  го опуштаат  нервниот систем и помагаат при оделување на ендорфини во мозокот. Вдишувајте полека, задржете го малку здивот и потоа полека издишете. Повторете ја вежбата во рок од 3 минути и обидете се да му обрнете внимание на вашето тело.

Опкружете се со луѓе кои ве разбираат и почитуваат

Колку понепријателска и завидлива е вашата околина, толку повеќе ќе бидете обземени од лошата енергија и стресот. Затоа потрудете се почесто да бидете опкружени со луѓе кои ви мислат добро и ве сакаат. Нивното присуство природно  го намалува нивото на стрес во вашето тело.

Планирајте ги  работите, ако ви претстојат стресни ситуации

За да го намалите стресот добро е да се обидете да го испланирате она што ви претстои. Подгответе се, направете план, знајте што да очекувате од ситуациите и опуштете се. Малку повеќе информации нема да ви дојдат  лошо. Кога едно лице е добро подготвено, нивото на стрес се намалува.

Откачете ја причината за стрес

Отстранувањето на причината која ви предизвикува стрес и ве тера да се чувствувате лошо, е најдобрата стратегија. Доволна е помислата дека ова е возможно,  ќе се чувствувате многу подобро.

Јадете редовно

Може да звучи чудно, но здравата и редовната исхрана придонесува за заштитата на телото од стрес и штетните влијанија. Гледајте што јадете.  Ставете акцент на овошјето, зеленчукот и храната која  претходно не сте ја  подготвиле.

Обрнете внимание на спиењето

Одморот е главен фактор за ограничување на стресот во организмот. Колку подобар, подолг и поздрав  сон, толку пониско е нивото на стрес.

Одделете време за интересни нешта

По напорниот  ден многу е важно да се опуштите. Така го штитите организмот од новиот стрес, кој ве очекува наредниот ден.

Извор: blitz.bg

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена