За добар сон: Заборавете на темно чоколадо пред спиење

– Темно чоколадо: содржи повисоки количини кофеин кои сосема ќе ве расонат, ќе го поттикнат метаболизмот и ќе ви го нарушат сонот.
– Зачинета храна: ако јадете зачинето пред спиење, ќе го испровоцирате системот за варење на зголемена работа. Освен тоа, силните зачини ќе ја зголемат температурата на телото и така дополнително ќе го збунат организмот.
– Црвеното месо: храна со висок процент на протеини како што е црвеното месо бара долготраен процес на преработка во организмот. Одбегнувајте го пред спиење.
– Житни снегулки: топлото млеко е природен седатив кој проверено успива. Ако го промешате со типична храна за појадок, како што се житни снегулки, ќе го забавите процесот на спиење. Причината е големото количество индустриски додаден шеќер.

Фото: Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!