Збогување. Почина Мира Фурлан, најсексапилната и најубавата актерка на екс- Ју

Мира Фурлан (66), симбол на едно плодно и среќно време, најсексапилната и најхаризматичната актерка од екс ју- простори, почина во Лос Анџелес, каде што живееше подолг период, од последиците на западнонилска треска.

Широката јавност ја запозна во филмот на Жика Николиќ „Лепота порока“: иако имаше богата театарска кариера, улогата на сиромашна и чесна селанка од едно заостанато и заборавено селце во Црна Гора, која се вработува во нудистички камп, беше вистинска револуција за 1986 година.

Многу гледани се и „Татко на службено патување“, „За среќа се потребни тројца“, „У раљама живота“, „Киклоп“…
Мира беше харизматична, смела и многу надарена актерка и пејачка. Родена е во Загреб, 1955, а поради политичкиот хаос и војната, честите патувања на релација Загреб -Белград, каде живееше нејзиното момче, актерот Горан Гајиќ, во 1991 година тие двајцата заминуваат за Америка. Таму е роден синот Maрко Лав, и како што изјавуваше Фурлан „синот ни е типичен американец што сака да ме испочитува и да го научи јазикот на своите дедовци“.
Првото доаѓање во Хрватска е во 2002 година, поради ангажманот на Раде Шербеџија. Одтогаш неколку пати семејно патуваа во Хрватска и Србија, но не постоеше желба дефинитивно да се преселат на просторите на бивша Југославија.
Во Америка, улогите на Делен во „Вавилон 5“ и Даниел Русо во серијалот „Изгубени“ и донесоа популарност и финансиска сигурност.
Но, таа никогаш не подлегна на „холивудските правила“- остана имуна на вештачко продолжување на младоста, Мира Фурлан старееше достоинствено, без оптеретувања и пластични операции.

Вања Тодоровска

Фото- Принтскрин јутјуб, Инстаграм

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!