Поради зеленчукот што го содржи, оваа едноставна но многу корисна салата, ќе ви ја врати силата и ќе ви го засили помнењето: леќата е богата со витамини од Б групата, цинк, магнезиум, калиум, а во комбинација со лимон се подобрува впивањето на железо од оваа мешунка.
За овој рецепт на Жаклина Маневска, потребно е да ја сварите леќата но внимавајте да не ја преварите, туку зрнцата да останат цели. Откако леќата ќе се излади, се додава рендан морков, целер, ситно сечкан црвен кромид, црвена печена пиперка, сушен домат, сечкана китка магдонос и уште толку нане.
Сега се на ред вкусовите: салатата се посолува, се додава црн пипер, малку балсамико, цеден лимон, маслиново масло, се меша и е готова за консумација. Одлично оди со сирење и хумус.