Режимот на исхрана директно влијае не само на здравјето на телото туку и на надворешната убавина. Затоа е многу важно да го знаете ефектот на храната врз вашата кожа.
Продуктите кои не прават поубави:
Лосос
Ја разубавува кожата, помага при слабеење и при заздравување од лузни и рани.
Боровинки
Го забавуваат стареењето и ја одржуваат кожата млада и свежа. Го зголемуваат производството на колаген.
Семки од тиква
Ја мазнат кожата и даваат сјај на косата, заради уникатната комбинација на витамини и антиоксиданти. Ги намалуваат акните и другите кожни проблеми.
Грав
Го зајакнува тонусот на мускулите.
Зелен чај
Ја штити кожата од надворешни влијанија . Ја продолжува младоста на организмот.
Острига
За поубави и здрави нокти и коса.
Домати
Го спречува проблемот со сувата кожа, штити од УВ зраци.
Портокали
Ја прават кожата мека и сочна. Витаминот Ц не прави поенергични и расположени, а нема подобро ништо од една насмевка.
Лоша храна за кожата:
Сол
Предизвикува отоци и ја намалува еластичноста на кожата. Заради неа ја задржувате водата во организмот која ве тера да изгледате подуени.
Шеќер
Премногу шеќер ќе ве доведе до инсулин. Ги воспалува клетките на кожата и ги затнува жлездите.
Кофеин
Добар е но во мали количини. Му пречи на телото да ги задржи витамините и минералите од храната и го тера да исфрла премногу вода
Алкохол
Ја прави кожата сува, раздразнета и предизвикува лош тен.
Преработено месо
Солта и конзервансите во нив ја дехидрираат кожата. Таа изгледа избледена, безживотна и стара.
Фото- Pexels