7.8 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025
spot_img

Знаци дека имате недостиг од Омега 3

Дали јадете храна богата со омега-3 масни киселини? И, дали страдате од недостаток на омега-3? Еве неколку знаци дека можеби ќе треба да го зголемите внесувањето на овие важни масти.

1. Иритација и сувост на кожата
Ако на вашето тело му недостасуваат омега-3 масти, ќе имате чувствителна, сува, зацрвенета кожа а дури и невообичаено зголемување на акни може да биде знак за недостаток на омега-3 кај луѓето. Омега-3 мастите ја подобруваат одбрамбената моќ на кожата со тоа што спречуваат губење на влага и ја штитат од надразнувачи што можат да доведат до сувост и чешање.

2. Депресија
Омега-3 мастите се основна компонента на мозокот и имаат невропротективно и антиинфламаторно дејство. Тие дури можат да помогнат во лекувањето на невродегенеративни болести и нарушувања на мозокот, како што се Алцхајмерова болест, деменција и биполарно растројство. Многу студии покажаа поврзаност помеѓу недостаток на омега-3 и поголема инциденца на депресија.

3. Суви очи
Омега-3 мастите играат улога во здравјето на очите, вклучително и одржување на влагата во очите. Ако страдате од синдром на суво око, немојте да бидете изненадени ако ви препишат додатоци на омега-3.

4. Болки во зглобовите и вкочанетост
Ова може да биде поврзано со состојбата наречена остеоартритис, во која се распаѓа ‘рскавицата што ги покрива коските. Алтернативно, тоа може да биде поврзано со воспалителна автоимуна состојба наречена ревматоиден артритис. Но, понекогаш само прениското ниво на омега-3 може да доведе до непријатност во зглобовите. Значи, ако имате болка во зглобовите или имате докажано заболување на зглобовите, земањето додатоци на омега-3 маснотии може да помогне во намалување на болката и вкочанетоста во зглобовите.

5. Опаѓање на косата
Промените во текстурата, интегритетот и густината на косата може да укажуваат на недостаток од омега-3. Ако имате зголемено опаѓање на косата или сте забележале дека вашата коса се разредува, се крши и суши, под итно сменете ја исхраната.

Извор: розали.бг
Фото-Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена