Некои жени во врските со оженет или зафатен маж си го хранат егото, другите ги возбудува ризикот, на третите им се допаѓа што таков партнер не бара многу внимание. Во секој случај овие врски не завршуваат среќно. Ретки се тие што оставаат семејство поради љубовница, па дури и да се случи тоа, жените никогаш не се сигурни дека можат да им веруваат.
Сузан Шепард, основач на организацијата „Добиј го она што го сакаш“, која им помага на луѓето што имаат љубовни проблеми, вели дека една од психолошките причини што жените ги привлекуваат оженетите мажи, е што си ја подигаат самодовербата и имаат чувство на моќ. Некои жени веруваат дека ако заведат таков маж, значи дека се атрактивни и моќни. Кога жената би се чувствувала добро во своја кожа, таа би побарала маж кој ќе ја сака само неа и не би го делела со друга.
Оженетите не бараат многу внимание
Многу сингл жени кои се фокусирани на својата кариера, уживаат во врска со оженет и нема потреба да му пружаат многу внимание, бидејќи не поминуваат многу време со него. Некои од нив не се подготвени за брак ниту за обврски и затоа им одговараат аферите со женети- веруваат дека може да имаат љубов, романса и секс без обврска.
Зрелост и финансиска сигурност
Многу жени сметаат дека оженетите се поздрави, поискусни и позрели од момчињата. Ова е уште една од психолошките причини што жените сакаат оженети, бидејќи ги сметаат за финансиски постабилни.
Недоволна самодоверба и страв од врзување
Некои жени имаат афера со женети бидејќи се плашат од врзување и интимности, за разлике од долгите врски. Ако е со некој кој е недостапен за нешто сериозно, тогаш и тие немаат обврска кон тој маж, ниту мораат да бидат блиски со него. Жените без самодоверба често не веруваат дека навистина заслужуваат внимание и љубов од добар маж, па затоа и се согласуваат на внимание од било кој.
Извор: монд.рс