Се мачевте со денови, месеци, недели за да дојдете до посакуваната тежина, но за неколку месеци повторно сте ги вратиле килограмите. Тоа е приказната што ја знаеме сите.
Губењето на килограмите е процес низ кој се поминува со траума, процес кој едвај чекаме да заврши и да ја постигнеме својата цел, но во истражувањето што го спроведе доктор Фил, 40 проценти од луѓето го успеваат тоа. Работите да бидат полоши, речиси сите ги враќаат изгубените килограми во рок од три месеци до една година. Доктор Фил, миленикот на Опра Винфри се потрудил да дознае кои се главните причини за враќање на килограмите.
На прво место е здодевноста, бидејќи на луѓето навистина им здосадува да јадат иста храна секој ден. А тоа многу брзо придонесува за враќање на старите и лоши навики и брзата храна. Секако, дека треба да се пронајде здрава алтернатива , но ретко кој успева во тоа. Искушението си има свој дел. Ретко кој има среќа да живее во околина која потполно ќе го подржува во напорите, па пред нив се редат разни предизвици, вкусни храни кои привлекуваат, па во одреден момент попуштаат. Тоа за почеток го оправдуваат како награда за успешно симнатите килограми а многу бргу потоа и потполно се предаваат, бидејќи едноставно ја обожаваат таа храна.
Недоследните резултати имаат силно влијание врз вољата на личноста која е на диета. Ако килограмите не се губат рамномерно, по почетниот успех едноставно не продолжуваат понатаму. Повеќето луѓе престануваат со диетата и се враќаат на старите навики.
Извор: (б92)