13.8 C
Skopje
среда, мај 21, 2025
spot_img

„Игри без маска“ : Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп од 26 до 29 ноември во МНТ

Петтиот Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „Игри без маска“ – театар без дискриминација, и годинава ја продолжува својата традиција- од 26 до 29 ноември во МНТ, на големата и малата сцена.
Пет години театарот без дискриминација, кој сеуште го држи приматот – единствен на Балканот од таков вид, во себе ја има магијата на обединувањето. Имено, повеќе од 12 години „Различни а еднакви“ го негува правото на лицата со хендикеп да бидат вклучени во културни настани а 5 години го организира Меѓународниот тродневен театар, каде што сцената во целост ја краси инклузијата.


Инаку, претставите ги играат аматерски актерски групи од земјава и странство, чии актери се лица со и без хендикеп а водителска двојка се Ирена Спировска и Татјана Стојановска.
Низ игрите се придружуваат и наши истакнати актерски имиња кои на тој начин даваат свој придонес за инклузијата на театарската сцена .
За време на Фестивалот ќе биде промовиран и видео записот од роденденската песна „Љубовта ја шириме“, посветена на петгодишното меѓународно фестивалско дружење во Скопје, што хуманитарно ја испеаа и ја поддржаа наши актерски и музички звезди : Тања Кочовска, Дејан Лилиќ, Снежана К. Руси, Бени Шакири, Дарио Панковски, Ристо Самарџиев, Зоран Џорлев, Благоја Груевски, Адријана Алачки, Огнен Здравковски, Игор Митковски, Боби Спасенцовски, како и водителките Ирена Спировска и Татјана Стојановска.


Бидете дел од оваа неколкудневна фестивалска приказна, „Игри без маска“ ве очекува да ги поддржите.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена