Имате шопинг манија? Еве совети за умно пазарење

Колку пати сте влегле во продавница само за да „купите нешто ситно“, а сте излегле со празни џебови? Продавниците се смислени за да ви ги земат парите, да ве намамат да трошите. А да им се одолее на сите тие предизвици не е лесно, затоа ви предлагаме план за интелигентен шопинг.


– Заклучивме дека продавниците се тука за да ве привлечат да купите нешто. Затоа на влезот се наоѓаат кошници со овошје и зеленчук, во силни црвени, зелени, портокалови бои кои, велат стручњаците, дејствуваат магнетски врз купувачите.
– Некаде во почетокот се и пекарските производи, кои изгледаат убаво и мирисаат примамливо. Замрзнатите производи обично се наоѓаат на сосема спротивниот крај на маркетот
– Над делот со месото најчесто се ставаат црвеникави светла кои визуелно го подобруваат неговиот изглед за да изгледаат „посвежо“
– Млекото најчесто е сместено во некое ќоше за да ги поминете сите примамливи рафтови со храна
– Мамките што се користат за купувачите се се` помногубројни – „Екстра попуст, Само денес! Неверојатни цени!“ Истражувањата покажуваат дека со ваквите акции продажбата се зголемува од 30 до 100 отсто.
– Пред да тргнете во шопинг, задолжително направете список што ви треба, а не е лошо на истиот лист да ги ставите и можните цени
– Никогаш не одете во шопинг гладни, така ќе купите многу повеќе


– Купувајте на познат терен, т.е. во маркетот што го знаете, така ем нема да губите време ем нема да купувате импулсивно
– Најскапите производи најчесто се сместени во висината на очите, а за да ги најдете најевтините, треба малку да истражувате

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени