5.8 C
Skopje
сабота, февруари 15, 2025
spot_img

Индиска закуска со леќа

Потребно е:
200 г леќа (портокалова)
200 г кафеав ориз
2 лажици маслиново масло
3 главици кромид
2 китки магдонос
половина лажичка сол
сува пиперка
0,5 литри вода

Подготовка:
Во подлабоко тавче загрејте масло на умерена температура, па кратко издинствувајте го кромидот исечен на ленти. Извадете половина од кромидот, а потоа ставете ја леќата и оризот кои претходно сте ги измиле и процедиле од вода. Промешајте да се соединат со кромидот, налејте вода, посолете и сипете црн пипер. Поклопете и варете на умерена температура околу 60 минути, со повремено мешање. Ако е потребно, сипете уште малку вода. Кога оризот и леќата ќе омекнат, тргнете го тавчето од оган и одозгора наредете го преостанатиот кромид, сечканиот магдонос, сува пиперка и оставете да отстои во поклопено тавче околу 10 минути. Сервирајте додека е топло.

Фото- Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена