16.8 C
Skopje
четврток, јуни 19, 2025
spot_img

Институтот за мода „Изет Цури“: Модна ревија во Музејот на Народна борба (5 март)

„Добредојде Macedonia Welcome Centrе“ (DMWC) во соработка со Француската амбасада на 5 март во Музејот на Народна борба организираат модна ревија на Институтот за мода „Изет Цури“-„Made in North Macedonia: Women’s Skills”
Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури“ е приватна образовна институција чија основна цел е да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија.
Од самото отворање на институтот во 2014 година до денес дејствува посветено и сериозно во едукацијата на младите талентирани луѓе за кои модата е пасија и потенцијална идна кариера. За само пет години работа резултатите гордо говорат дека таа посветеност резултира со успешни и веќе препознаени млади дизајнери со исклучително професионално изработени модни колекции под директно менторство на професорот Изет Цури , ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека ова е единствено место каде се добива едукација за начинот на кој се изработува Висока мода во Париз и моделирање на самата конструкција, знаење кое професорот Цури несебично го пренесува на своите студенти.
Денес институтот котира на самиот врв на едукативната мапа во нашата земја и по повод 5-те години успешна работа во просторот на музејот ќе биде организирана модна ревија на која ќе бидат претставени триесет креации на студентите на овој институт, специјално изработени за овој настан.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена