11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

„ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“ го прослави јубилејот: Убави торти, награди и забава

Овој викенд Град Скопје заедно со Хуманитарната Организација Ангелчиња – ХОА го организираа 10. традиционален хепенинг „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“. Настанот беше многу посетен – во Веро центарот вриеше како во кошничка, сите љубители на торти уживаа во извонредната глетка на тортите, специјално стокмени за таа прилика, вкупно 66 креации во категории, професионалци и аматери .
Девет земји се натпреваруваа за награди и жирито навистина имаше тешка задача.


На крај сите беа согласни дека во категоријата аматери првото место треба да и припадне на Катерина Блажевиќ од Македонија, второто на Нина Анчева од Угостителско училиште „Лазар Танев“ а третото на Драгана Михајловиќ од Србија.
Во категоријата професионалци првото место им припадна на Угостителско туристичко училиште од Србија, второто на Даниел Станишиќ од Црна Гора а третото на Основно училиште „Гоце Делчев“ од Македонија.
Во посебните категории наградите се доделени на Страхиња Петровиќ од Црна Гора, за „торта што доаѓа од најдалеку“, најтематска детска ја доби Биљана Чемеркиќ од Србија, најтематска свечена му припадна на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Македонија и за најдобра композиција на Изабела Спасовска од Македонија.
Манифестацијата траеше неколку часови и во тој период е соборен рекордот за подготовка на голема торта 2,40м x 1,20м, направена од шефовите на Гастромак која точно напладне беше поделена на присутните посетители.


На натпревар во Блекбокс за 7минути се правеше торта на тема Божиќ. Наградите ги добија Татјана Виденовиќ од Србија (прво место), Даниел Станишиќ од Црна Гора (второ) и третото место му припадна на Игор Атанасов од Македонија.
Во брзо јадење, или натпревар под притисок, за 2,40минути беше изеден десертот од 450гр, а јунакот е Страхиња Петровиќ од Црна Гора.
Дипломи земаа и Карвинг мајсторите од сите држави под кординаторската палка на Влатко Алексоски од Македонија а наградата за животно дело и припадна на Снежана Ангеловска, оснивачот на Хуманитарната Организација Ангелчиња – ХОА.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена