17.4 C
Skopje
сабота, мај 17, 2025
spot_img

„ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“ по десетти пат: Гурмани, подгответе се за најубавите торти

За некој ден, поточно на 10 ноември во Веро- центарот, традиционално a годинава по дессети пат, ќе се одржи најслатката манифестација кај нас, „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“. Гурмани, шанса да уживате во најубавите торти.
Јубилејот ќе биде посебен а ќе има и многу изненадувања, ветуваат организаторите – Град Скопје во соработка со Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња .


Сите посетители и гости на манифестацијата ќе имаат можност да уживаат во слатките креации на аматери и професионалци од земјата и од странство.
Инаку, секоја година на овој настан учествуваат аматери и професионалци а таа традиција продолжува и годинава- и, бидејќи станува збор за хуманитарен настан- по завршувањето на манифестацијата, тортите се подаруваат на децата од социјално загрозените семејства .
ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018 ќе биде поделен на два дела: ревијален, од 11 до 15ч, кога посетителите ќе ги разгледуваат изложените торти и изложбените штандови и ќе гласаат за најдобрата торта. За време на богатата музичка програма ќе се дегустира роденденската торта, која на лице место ќе ја прават шефовите – слаткари.


Вториот, официјален дел е од 15 до 16:30 ч, што ќе го отворат преставниците на Град Скопје. Во овој период ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, карвинг мајстори а ќе се знаат и победничите торти, во двете категории.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена