11.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Ирена Спасовска и Орце Гелевски се разделија по 13 години врска

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија. По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно, Орце пред десетина дена се иселил од нејзиниот стан. Причина за тоа, како што велат нивни блиски,  е што Ирена имала друго момче,   музичарот Амети Мухамедали- Мухи.

Дека е крај на врската ни потврди и Гелевски.

-Да точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас  нема што друго да кажам.  Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници, вели Орце.

Точно е дека се разделивме, вели Орце

 

Ирена, пак, вели дека не е точно.

-Да имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче, вели таа.

Во интерес на вистината го контактиравме и Мухи. Откако не распраша кои сме и што сме кусо ни рече- „Немам што да кажам.  Чао“.

Ирена и Мухи на настап

„Јавна тајна е врската меѓу Ирена и Мухи. Цела естрада тоа го знае“, велат нивни колеги. Според нив Ирена и музичарот  веќе три години биле во врска и дека станува збор за голема љубов. Тоа ним им го раскажал и Мухи,  со уште многу детали од нивната врска. Тој живеел во странство, но од љубов кон  Ирена се вратил во Македонија и сега на свирките настапуваат заедно.

Ирена и Мухи пред неколку дена заедно беа и на промоција на пејачката Стојне Николова. На промоција дојде и Орце, но тој со пејачите стоеше на друга маса. (В.М.)

Ирена и Мухи на промоција кај колешката Стојне Николова

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена