Исчистете артерии со ѓумбир, лук, лимон и мед

За да ги исчистите артериите, прво треба да поработите на намалување на нивото на триглицериди и холестерол во крвта. Како што стареете, така акумулираните работи во вашите артерии го попречуваат протокот на крвта.
Всушност, повеќето од нас имаат проблеми со лошиот холестерол, но не ги гледаме симптомите во помлада возраст. Ова е една од причините зошто е потребна редовна контрола на холестеролот во крвта.
Еве едноставен лек како да ги исчистите артериите на природен начин.

Потребни состојки: Мелен ѓумбир, половна лажичка мелен лук, 2 лажици сок од лимон и мед.
Како се подготвува: Изблендирајте ги сите состојки. Бидете сигурни дека добиената смеса е за пиење.
Кога се консумира: Консумирајте од мешавината секој ден наутро, во период од две недели. Потоа направете пауза од седум дена, па повторно продолжете.

* Како помага ѓумбир? Може да го намали холестеролот, бидејќи содржи антиоксиданси.
BHT и BHA се антиоксиданси присутни во ѓумбирот кои ја третираат липидната пероксидација во вашите артерии. Ѓумбирот може да влијае и врз намалување на оштетувањето на клетките. Тој може да го минимизира и слојот залепен за ѕидовите на артериите. Ова ќе овозможи подобар проток на крвта.
* Што прави лукот? Игра значајна улога во намалување на холестеролот и триглицеридите. Лукот ќе го покаже својот ефект ако се консумира најмалку неколку денови по ред. Алицинот присутен во лукот е одговорен за борба против холестеролот. Лукот е антисептик, го чисти вашиот организам, дејствува како диуретик, има антибактериски агенси и е докажан пријател на срцето. Лукот е најдобар пријател на вашето тело, освен ако имате некоја здравствената состојба која не ви дозволува да јадете лук.
* Лимон. Уште една состојка која го превенира нивото на лошиот холестерол е витаминот Ц од лимонот. Дури и кората од лимон има флавоноиди, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени