И дома се прават совршени морски специјалитети
Ги тргнавме предрасудите дека само во ресторани можат да се јадат убави морски специјалитети. Обидете се со морските плодови што можат да се најдат и незамрзнати и неконзервирани. Колку плодовите се посвежи, толку е подобро да останат со автентичен вкус, без многу мирудии. Обидете се.
И- освен што е вкусна, морската храна е и многу здрава: една порција морски плодови го намалува ризикот од срцев удар за 50 проценти.
Морски омлет
Потребно е- школки, морски ракчиња, 4 јајца, 1 домат, 1 зелена пиперка, 1 главица кромид, 200 гр. кашкавал, магдонос, масло, сол и црн пипер.
Сите продукти се сечкаат и се пропржуваат, а на крај се додаваат школките и ракчињата. На таа приготвена смеса се матат јајцата и се истураат врз смесата.
Шпагети со морски плодови
Потребно е- 300 гр мешани морски плодови, бело вино, шпагети и лук.
Во тава на маслиново масло запржете го исецканото лукче, додадете ги морските плодови, виното, водата, зачините и оставете да се динстаат десетина минути.
Потоа, смешајте ги со сварените шпагети и наросете со рендана кора од лимон.
Рижото со ракчиња
Потребно е – 200 гр. ракчиња, 100 гр. сечкани шампињони,100 гр. варен ориз, 200 гр. кашкавал, маслинки, 50 гр. путер, 1 црвена пиперка, француски магдонос, 100 гр. доматно пире, масло за јадење, сол и црн пипер.
На оган ставаме тава со путер и масло за јадење а потоа сечкана пиперка, шампињони и ракчиња. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Промешуваме. Потоа го додаваме магдоносот и претходно сварениот ориз.
На оган ставаме уште една тава со доматното пире, рендан кашкавал и промешуваме.
Паста: Фрути ди маре
Потребно е- 250гр. шпагети, 300гр. мешани морски плодови, салца, лук, шери домати, бело вино, босилек, сол, бибер и маслиново масло.
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте ги морските плодови и белото вино, доматната салса, шери доматите, исечени на половинки и сечкан лук.
Посолете, наросете црн бибер и динстајте додека доматите и морските плодови да омекнат.
На крај додајте ги сварените шпагети и малку босилек.
Тестенини со лигњи
Потребно е- лигњи, маслиново масло, кромид, лук, 1 домат, 300 грама грашок, сол, магдонос и тестенини.
Кромидот и лукот ситно се пропржуваат на маслиново масло, се додаваат лигњи, вода и зачини, и се оставаат да крчкаат додека течноста не испари.
Кога половина од течноста од лигњите ќе испари, се додава грашок, доматот исецкан на коцки и магдоносот. На крај се додаваат сварените тестенини.
Шарена салата
Потребно е: 400 гр. морски плодови, 100 гр. зелени маслинки, магдонос, 1 портокал, 1 лимон, листови од ловор, 2 дл. вода, босилок, кромид, масло за јадење, сол и црн пипер.
Во едно тенџере ги ставаме морските плодови, босилокот и листовите од ловор и вода, и ги вариме.
Лимонот и портокалот се сечкаат на тркалца, а потоа се кусо се пропржуваат со морските плодови.
Морски коктел
Потребно е: 200 гр. октопод, 200 гр. школки, 200 гр. лигњи, 200 гр. шкампи, 1 лимон, 1 портокал, магдонос, крак од октопод, путер, лук, маслиново масло, бело вино, сол и црн пипер.
На путер пропржуваме лук а потоа додаваме шкампи, октопод, морските козици, школки и лигњи. Промешуваме, посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер, додаваме бело вино и оставаме да се динста. На крај додаваме ситно сечкан магдонос и сервираме во висока чашка.
Морски раженчиња
Потребно е: 200 гр.шкампи, 200 гр. јастог, 200 гр. лигњи, 1 зелена пиперка, 1 главица кромид, маслиново масло, сол и црн пипер.
Кромид се сече на големи парчиња и се забодува на метално стапче за раженчиња. Потоа на секое стапче се забодува по едно парче јастог, парче од шкампа, зелена пиперка и лигња.
Раженчето е готово а скарата ја попрскуваме со масло за јадење и го ставаме нареденото месо. Откако ќе се испече од едната страна, раженчето се превртува на друга и се полева со сок од половина лимон.
Коментарите се затворени