И Placebo како и сите останати ја откажаа овогодинешната турнеја

Авалон Продукција со жалење инфoрмира дека концертот на PLACEBO во Скопје закажан за 25 јуни на АРМ Стадионот нема да се случи, впрочем како и сите концерти на PLACEBO во рамките на нивната турнеја за 2020-та година.
Во Соопштението до медиуми понатаму се вели:
– Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември.
Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од среда, 27-ми мај, од 9 часот наутро.
Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.
Во оваа прилика Авалон Продукција им се заблагодарува на сите ticket keeper-и, не само за концертот на PLACEBO, туку и за сите други концерти коишто ги имаме закажано, а ги имаме прераспоредено со нови датуми, затоа што со овој ваш гест и` помагате на музичката лајв индустрија, која во моментиов не постои, што побрзо да се врати во живот.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!