12.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Како без стрес да се вратите на работа по годишниот одмор?

Враќањето на работа по завршувњето на годишниот одмор за многумина е стрес.  Не е ни чудно, бидејќи од нултата брзина и релаксација одеднаш треба да се префрлите на пета брзина.  Некои на годишен одмор навистина се одмараат, но има и такви кои работата, стресот и  грижите  си ги носат со нив, па кога ќе се вратат на работа се уште поуморни. Ако сте во втората група, навистина треба да си најдете решение за приоритетите и, не работата, туку себе да  се ставите на прво место. Ako вашиот одмор штотуку завршил или ви остануваат уште неколку дена не паничете и не размислувајте- “како да се преживее првиот работен ден “, затоа што само ќе си создадете дополнителен стрес и фрустрација.  Постојат неколку  чекори за да си помогнете побезболно да се вратите на есенската шема и рутина. Ако примените некои од овие совети, во иднина, не само што ќе уживате во одморт, туку и првите работни дена по враќањето  од одмор ќе ви бидат пријатни и без стрес, советува порталот Алтернатива за вас. Еве што можете да направите пред, за време и по одморот:

  1. За време на одмор, целосно се “ресетирајте”

Додека сте на плажа или во некоја  сенка под борова шума, последно на што треба да мислите е работата. Но, полесно е да се каже отколку да се направи. Бидејќи додека вашето тело полека се опушта,  низ глава веднаш ви доаѓаат мисли за нови проекти или незавршени работи. Во овие моменти, секогаш потсетувајте се  дека  ова време е наменето исклучиво за ваш одмор – не само физички, туку и ментален. Имајте на ум дека никој на работа не е незаменлив, па не мислете дека  додека вие се одмарате, на работа се застанало. Животот и бизнисот одат понатаму независно од вас, а вие на одморсте заслужено и треба да уживате во сите придобивки што ги носи летото. Затоа, во деновите на одмор правете го она што навистина го сакате, исклучете сè што ве поврзува со работата и не жалете за тоа. Бидете дете кое навистина се радува на сè. Би било добро да го исклучите интернетот и телефонот, да заборавите на социјалните мрежи. Ова е можеби единствениот начин да се релаксирате и да ги наполните батериите.

Фото:ubzrs.rs
  1. Вратете се од одмор најмалку ден – два порано

Ако почнувате на работа во понеделник, вратете се од одмор во сабота навечер за да имате  време да се отпакувате,  средите низ дома и повторно  да се навикнете на својот животен простор. Неделата може да ја искористите да одговорите на нај итните пораки,  и да направите листа на задачи што треба да ги направите следните денови.

  1. По враќањето дајте си доволно време за спиење и одмор

Познато е дека по непроспиената ноќ секогаш имаме лоша концентрација и  тешко го поднесуваме стресот, затоа уживајте во ноќта пред првиот работен ден.  Благодарение на осумчасовното спиење ќе ви биде полесно да се прилагодите првиот работен ден. Со бистра и одморена глава ќе бидете порелаксирани меѓу вашите колеги и склони на поубави и креативни мисли.  Пожелно е пред да заминете на одмор да го исчистите домот, за да ви биде полесно кога ќе се вратите.  Само гледањето на расфрланите нешта низ домот дополнителни ќе ве изнервираат.

  1. Намалете ги сопствените очекувања

За време на летниот одмор нашите приоритети и навики целосно се менуваат, па затоа ни  е уште потешко да се вратиме на старо, бидејќи често го  вклучува и  она “што не сакаме” и “што мора да направиме”.  Првите денови по одморот дајте си време да се навикнете на работата и обврските, бидејки лесно може да ви се случи да се почувствувате  преокупирани и емотивени. Затоа, не брзајте. Исто како што одите, нога пред нога,  така треба и да го почнете првиот  работен ден -чекор по чекор

  1. Поставете си приоритети

Приоритетите се однесуваат и на читањето пораки што ви се натрупале во меилот додека сте биле на одмор. Првите денови на работа само прочитајте ги оние пораки за кои сметате дека се битни,  другите оставете ги за подоцна. Пожелно е да ги информирате сите колеги и пријатели  дека заминувате на одмор и дека  тој период нема да можете да им одговарате  на пораките. Ако е потребно, со колегите може да се договорите  да одработат дел од вашите обврски за да не бидете изложени на дополнителен стрес кога ќе се вратите, а вие секако ќе им возвратите кога тие ќе заминат на одмор.

  1. Не ги потиснувајте вашите чувства

Ако вашиот одмор навистина бил одмор од соништата,  нормално  е дека за време на вашите монотони работни денови ќе ве  совлада чувство на жал за одморот што поминал.  Но, сетете се и дека работните денови повторно ќе поминат и дека  повторно ќе дојде време на релаксација и одмор. Животот е јин и јанг, еден без друг не оди. За да не ви биде досадно во вашата есенска шема можете да внесете некое ново хоби, каде што навистина ќе уживате.  Одете на курс, пливање, масажа, јога и сл. Тоа ќе ви помогне да го разбиете сивилото во работните обврски  и да го подигнете животот на едно ново ниво. Ако немате пари да си го дозволите тоа, постојат бројни задоволства кои не чинат ништо како што се одење во природа, трчање, медитација, читање добри книги и дружење со вашите пријатели. Не велат без причина дека  “најдобрите работи во животот се бесплатни”.

  1. Ако кризата не попушта, размислете за промена на работното место

Ако и после неколку месеци од одморот  во канцеларија одите во  депресија и под голем стрес, време е да размислите за промена на вашата работа. Очигледно, оваа работа повеќе не ве радува и ве  ограничува во вашите соништа, идеи и цели.  Размислете што друго би можеле да направите и на кое работно место би можеле да го остварите вашиот потенцијал.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена