6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

Како да го надминете стравот на почетокот на врската

Кога сте вљубени се ви е поубаво и повесело. Не можете да јадете, да се сконцентрирате, не можете да престанете да мислите на него/ неа. Се плашите, дали е ова вистинско, дали е вистинскиот избор за мене, што чувствува кон мене, дали е обострано…

Љубовта треба да биде убава, но не секогаш е таква. Покрај среќата и задоволството, понекогаш може да ви донесе чувство на несигурност, па дури и непријатност. Искуството од вљубување понекогаш може да ве дестабилизира, посебно оние кои се навикнати се да контролираат. Ако и вие се наоѓате во ваква состојба еве неколку совети како да се изборите со ова чувство.

Возете се на ист „бран“

Чувствата се привремени, па дури поминуваат и оние кои ве окупираат. Тоа што чувствувате радост или непријатност е само знак дека сте само човечко суштество, способно искрено да сака. Може ќе заборавите да јадете, но на крај ќе се соберете. Не се плашете да уживате во љубовта.

Не се грижете за значењето на нештата

Не мора во овој момент да знаете каде води врската. Не мора да анализирате колку вашиот партнер ќе биде емотивно достапен само заради разводот и не се грижите  зошто партнерката на порака ви одговорила после два часа. Сигурен начин да ја упропастите врската е ако во неа внесете аниксиозност. Наместо тоа, пробајте да останете со студена глава и да го прифатите фактот дека на почетокот на врската се чувствувате несигурно.

Дајте му на партнерот простор

Многу важно е да запаметете дека секој на свој начин ги чувствува емоциите. – некои уживаат да бидат преплавени со емоции, други бараат начин да го тргнат вниманието од тоа. Најважно е да му дадете простор на партнерот, за да не дојдете во ситуација емоциите да го гушат веднаш, на почеток на врската.

Извор: мондо.рс

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена