Како да завршите многу работа за малку време
Ние сме еволуциски проектирани да бидеме зафатени. Тоа е во ред за пештерските луѓе кои требале да се прехранат ама не и за 21 век кога треба да се справите и со други работи што го прават животот квалитетен.
Дали ве интересира како и зошто Франција има повисока продуктивност отколку Велика Британија и нели е збунувачки што Париз е идентификуван како град со најкуса работна недела?!
Да, и за тоа постојат правила на кои никогаш не не` учеле, па затоа повеќемина се држиме до истите стари и лоши навики. Ова се шест правила кои ќе ви помогнат да сработите најмногу во најкусо време.
1. Работете една по една работа
Фокусирајте се целосно на една задача во одредено време. Звучи сосема едноставно, но обидете се. Ако работите повеќе работи одеднаш, ова ќе ви биде посебно тешко. А истражувањата покажуваат дека оние кои работат повеќе работи одеднаш, всушност се најлоши во работењето.
2. Поедноставувајте
Како што вели Лао Цу: „За да постигнете знаење, додавајте работи секој ден. За да постигнете мудрост, отстранувајте работи секој ден“. Тогаш, што можете да престанете да правите? Навиките не тераат да продолжиме да правиме задачи кои не треба да се прават. Обидете се да не преземате повеќе задачи, без прво да се запрашате: „Зошто е ова навистина важно?“ Што можете да поедноставите? Намалете ги електронските пораки и извештаи до самиот минимум. Применување на концизност заштедува време за секого.
3. Најдете го сопствениот ритам
Размислувајте за работата наутро. Примамливо е да ги расчистите вашите електронски пораки, но кога ќе имате 70 години сигурно нема да речете: „Господе, бев горда што го одржував мојот инбокс на нула“. Наместо тоа, поминете ги првите 60 минути од денот на една или две навистина важни задачи кои треба да ги направите. Помага и кога ќе ги запишете приоритетите ноќта пред тоа – така се поставуваат јасни намери, што му годи на вашиот мозок, бидејќи може да се фокусира на она што е под негова контрола.
4. Зајакнувајте
Колкав дел од денот го поминувате во вршење на работи во кои не сте добри? Ќе завршите побрзо ако активно ја организирате вашата улога, па можете да се фокусирате на она во што сте добри. Дали Јусеин Болт трча полумаратони?
5. Бидете искрени
Често нашите длабоко вкоренети навики не` спречуваат да завршиме побрзо повеќе работи. Ако редовно се фаќате како седите на долги, слабо водени состаноци, или ако постојано се префрлате од една задача на друга, тогаш веројатно ќе се борите за работното место од 21 век, кое во моментов минува низ големи промени.
6. Избегнувајте вакви статии
Лесно е да се свртите кон книги за самопомош, кога ќе размислите за основниот парадокс: вие нема да ги направите сите нешта што ви требаат во вашето издвоено време. Но, ако престанете да го читате ова и се посветите на работата, тоа може да биде добар почеток.
Коментарите се затворени