11.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Како да му го ослободите носот на бебето да дише подобро

Нервозата и затнатиот нос кај бебињата се тешки и бавни за лекување, предизвикуваат не само немир кај детето, туку и умор кај родителите. Овие пет совети може да ви помогнат при лекување на затнатиот нос кај бебиња.
Солен раствор
Ако капките за нос не се препорачуваат за деца под шест месеци, а на вашето бебе му тече носот, солениот раствор е вашето решение. Купете спреј во аптеките, но мора да наведете дека е за бебе. Померете му ја главата малку назад и нанесете 2-3 пати. Дури и ако вашето бебе кивне, не грижете се, тоа значи дека поголемиот дел од солта е прифатена.
Назален аспиратор
Назалниот аспиратор се продава во сите продавници каде што има работи за бебе и бебешка козметика. Создаден е специјално за малите бебешки носиња и ги исшмукува како вакуум, на тој начин го одзатнува носот. Проблемот е дека повеќето деца не го сакаат и не стојат мирно, па ќе треба да се дејствува побрзо.
Парна бања
Загрејте ја бањата, нека има повеќе пареа и влага,тоа може да го отзатне носот на бебето. Освен тоа, при евентуална настинка, топлата бања ќе го загрее детето, а пареата ќе ги деблокира ноздрите.
Воздушен навлажнувач
Понекогаш иритацијата во носот е предизвикана од сув воздух, а не од течење на носот, кој е почетен симптом на вирус или инфекција. Ако за неколку дена не забележите никакви други симптоми, обидете се да ја смените влажноста на воздухот дома. Почесто проветрувајте и земете навлажнувач.
Висока перница
Бебињата дишат полесно ако главата им е малку подигната, па затоа некои педијатри препорачуваат или да се навалува душекот на детето или да се стави повисока перница на која ќе спие детето. Што значи ако детето има секрети, нема да останат во носот за да не му дадат мирен сон на бебето .

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена