Ареа после една година повторно има нова песна поткрепена со видео запис, насловена како „Те спомнувам“.
Песната е целосно авторско дело на членовите на групата – текст, музика, аранжман, снимање и продукција.
– Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар, во Градскиот парк, рок барот Pink Floyd и на сцената во Домот на културата. Режисер на видеото е Кристијан Шемко – вели Ивица Брчиовски.
Во него покрај членовите на Ареа, се појавиваат и Елена, ќерка на Ивица и Ружица Брчиоски, во улога на придружен вокал и млади артисти.
– Им благодариме од срце на Ана, Маги, Леила, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан кои направија овој спот да биде исполнет со ведрина и радост. На крајот на краиштата животот е радост и така треба и да биде- дополнува Брчиовски.
Коментарите се затворени