Со добра свирка на потврдени музички бендови, во Штип се реализираше првиот „Радио рок, џез“, фестивал кој направи музичка фузија на овие два музички жанрови. Настанот се случуваше во Мултимедијалниот центар на Канал 77 каде настапија „Еквинокс“, „Филип Стевановски бенд“, „Харкин“, „Дејзи“,„Три пати на ден“ и „Ер Ге Бе“.
Во напливот на турбо- фолкот и разноразни шунд моменти во музиката, овој настан беше вистинско освежување, и стискаме палци истиот да стане традиција.
Фестивалот го организираше радиото „Канал 77“, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.