Потребно е – пакување канелони, 100 грама пармезан, 100 грама кравјо сирење, лук, половина килограм спанаќ и доматно пире како подлога.
Канелоните се варат и се полнат со претходно варен спанаќ на кој сте му додале малку пармезан и изгмечено кравјо сирење..Откако ќе ги наполните, канелоните ги редите во тава во која претходно сте ставиле пире од домати и масло. Одозгора се посипува преостанатиот пармезан и се пече на 200 степени околу 15 минути.
Фото: stile.it